Причина за тоа е затворениот пат кој од Маврово води кон Дебар. Овој патен правец се прави подолго време и тој е затворен секој ден од 10 до 16 часот освен во неработни денови.

Но, иако денеска е недела и е неработен ден на патот се изведуваат градежни работи и движењето за возило е забрането.

Од фотографиите кои ги доби Република.мк се гледаат нервозни граѓани кои сакаат да поминат а полицијата ги спречува.

Kако што известуваат, по инетервенција на ДИК почнаа да пропуштаат возила на жители на чија лична карта пишува дека се од Дебар за да можат да гласаат.

Останатите, мораат да минуваат стотина километри повеќе и да кружат преку Струга.

Се поставува прашањето дали денеска мораше да се работи на оваа делница и дали ова е направено токму поради гласањето?