Централното Собрание одлучи за следните кандидати:
Куманово – Беким Салиу
Арачиново – Наим Синани
Сарај – Ќерим Мамути
Желино – Махир Зибери
Теарце – Назим Таипи
Брвеница – Арѓенд Гура
Тетово – Вулнет Мурсели
Боговиње – Албон Џемаили
Гостивар – Арбен Таравари
Врапчиште – Исен Шабани
Дебар – Беким Поцеста
Струга – Идри Истрефи
За Општина Боговиње имаше тајно гласање каде членовите на Собранието требаше да изберат меѓу две кандидати, Албон Џемаили и Садик Сулејмани. Со мнозинство гласови, Собранието одлучи за Албон Џемаили да биде кандидат за Градоначалник на Општина Боговиње.
– На овие избори ќе настапиме како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива. Имаме договор со други политички субјекти и овој договор за соработка е објавен во јавноста. Исто како што имавме понуда до нашите противници од ДУИ за директно соочување, тие не го прифатија овој договор и наметнаа друго темпо во трката, на што одговоривме на ист начин. Примарната цел на опозицијата е соборување на власта, примарна цел е нова Влада, изјави Села.