Нема такви разговори во Владата, сè тече нормално исто како што беше и во јануари кога владиното мнозинство имаше 64 пратеници. Исто е и денеска. Сè друго се шпекулации со кои не сакаме да се занимаваме, вели министерот за информатичко општество

Министерот за информатичко општество Адмирим Алити, кој е од редовите на Алтернатива, вели дека нема никакви разговори во Владата за зголемување на парламентарното мнозинство.

„Нема такви разговори во Владата, се тече нормално исто како што беше и во јануари кога владиното мнозинство имаше 64 пратеници. Исто е и денеска. Се друго се шпекулации со кои не сакаме да се занимаваме“

рече Алити

Алити ги отфрли како шпекулации и информациите дека токму неговото министерство е посочено дека ќе биде жртвувано за да се зголеми парламентарното мнозинство.

„Сите овие вести сега-засега се шпекулации и ниту јас ниту моето министерство се занимаваме со тоа. Ако треба после еден месец да има нов министер, јас и МИОА и во последните денови ќе работиме најпрофесионално што можеме. Не е важно кој ќе биде министер, важно е реформите да течат односно да одиме напред“,

одговори Алити.

Информациите дека се преговара за влез на Алијанса за Албанците во Владата дојдоа минатиот месец кога премиерот Димитар Ковачевски го повика на средба в.д. лидерот на АА, Арбен Таравари. По средбата и Ковачевски и Таравари излегоа со исти одговори дека за проширување на парламентарното мнозинство не разговарале на средбата. В.д. претседателот на Алијанса за Албанците рече дека и да добијат понуда за влез во Владата сепак партијата нема да ги помине своите црвени линии.

Алијанса не доби понуда за влез во Владата, а ако има такво нешто партијата нема да ги помине своите црвени линии, вели Таравари

„Имаме пакет мерки кои сме ги кажале и ако евентуално почнеме преговори најверојатно тој сет мерки ќе бидат нашиот услов за евентуално влегување во Владата“,

рече Таравари.

Ахмети и Ковачевски децидни: Преговорите со Алијанса за Албанците се во почетна фаза и досега ништо не е договорено

Тогаш и премиерот Ковачевски рече дека ако преговорите со Алијанса за Албанците продолжат во добар дух тогаш можно е да има проширување на владиното мнозинство.

Ако разговорите со Алијанса за Албанците продолжат во добар дух, може да има проширување на владиното мнозинство, вели Ковачевски

Околу влезот на АА во Владата свој став имаше и Блерим Беџети кој е актуелен градоначалник на Сарај од редовите на ДУИ, а кој беше еден од потписниците на писмото на т.н. огнена група. Тој рече дека ниту на ДУИ ниту на СДСМ, а ни на целото владејачко мнозинство не му е потребен дополнителен партнер, конкретно Алијансата за Албанците да биде дел од власта.

„Во претходниот мандат беа со ДУИ и СДСМ, па излегоа од Владата, па сега повторно сакаат да се вратат. Тоа не е како да правиме туризам“,