Наместо да се препукуваме преку статуси, ајде Љупчо собери храброст и излези на телевизиско соочување, па земјоделците сами нека заклучат кој работи во нивен интерес, а кој на нивна штета, пишува на социјалните мрежи Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум човек кој отворено разговара за проблемите и предизвиците. Никогаш не сум бегал од соочување со факти и аргументи“, пишува Трипуновски.

П.С. „По петти пат бегаш од дебата, дај овој пат охрабри се, одбери телевизија, време и доаѓам“, му порачува Трипуновски на Николовски на социјалните мрежи.