Алтернатива, партијата која е дел од коалицијата „Влен“, алабанскиот партнер во новата влада, го повлече предлогот Сафије Садики – Шаини да биде заменичка министерка во Министерството за односи со заедниците, со коешто треба да раководи Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите.
-Сафије Садики не е повлечена, туку ќе биде заменичка во Министерството за спорт, изјави за „Фокус“, Орхан Муртезани до Алтернатива.
Тој појаснува дека сменето е заменичкото министерско место, па наместо во Министерството за односи со заедниците, заменик ќе имаат во Министерството за спорт, со кое треба да раководи, Борко Ристовски.
Кој ќе му биде заменик на Стоиљковиќ засега е непознато.
Стоиљковиќ наиде на остри критики од Европскиот фронт, предводен од ДУИ откако мандатарот Христијан Мицкоски го поднесе предлогот за состав на новата Влада, а меѓу имињата се најде и Стоиљковиќ.
Тие го киритикуваа дека е поддржувач на руските политики, а Мицкоски вчера кажа дека единствено му е важно идните министри да бидат промакедонски и да работат за доброто на татковината.