Амбасадата на САД во Скопје на својата фејбук страница  објави информации  за старот на изградбата на новата делница за Тетово- Гостивар од Коридорот 8.

Денеска се  означи почетокот на работите на автопатoт Тетово-Гостивар, кој е дел од Коридорот 8, а на настанот присувствуваше и се обрати  амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Амбасадорорката  Агелер им се придружи на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, вицепремиерот Изет Меџити, други високи гости и вработените во Бехтел-Енка на церемонијата по повод поставувањето камен-темелник на делницата Тетово-Гостивар од Коридорот 8. Амбасадорот ја истакна силата на партнерството меѓу САД и Северна Македонија и улогата на американската експертиза во изградбата на овој стратешки инфраструктурен проект што ќе ја подобри регионалната поврзаност и економскиот развој, стои во соопштението на Американската амбасада во Скопје.