Реномираниот дипломат Зоран Дабиќ е суспендиран од МНР, затоа што се обратил на народниот протест пред Собранието против францускиот предлог.
Зоран Дабиќ е претседател на македонскиот дипломатски синдикат и и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој на протестот кажа дека најсикусните дипломати во МНР воопшто не го виделе Предлогот, а уште помалку биле консултирани за неговата содржина и последиците.
Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ.
Ова веројатно било причината поради која Дабиќ бил санкциониран од страна на министерот Османи.
Зоран Дабиќ секогаш гласно говорел за катастрофалните состојби во македонската дипломатија, далеку пред да се случат сенародните протести. Тој некое време наназад говори дека дипломати со кариера и искуство се шиканирани и деградирани во министеството.
Она што се случува во министерството во последните неколку години па навистина мислам дека најпогоден збор би бил репресија. Имаме незапамтена ситуација, незапамтена состојба на бркање на дипломати од работа кои преку судот по судски постапки успеаја да се вратат на работа. Имаме масовна ситуација на деградирање на дипломати која е врзана со систематизацијата од пред пола година, тоа беше донесено токму за таа цел. Имаме застој на кариера по десетина години на помладите дипломати и нула од кариерно управување или кариер менаџмент што се вика. И имаме едно големо незадоволство кое е одраз на упорното туркање на некои документи, акти како што е предлог законот за надворешни работи, како што е споменатата систематизација. И како што се патувањата на дипломати и амбасадори во странство, образложи Дабиќ.
Денес според најавите сенародниот протест Ултиматум, НЕ благодарам почнува пред Владата и преку МНР, каде што граѓаните ќе дадат поддршка на суспендираниот дипломат, и ќе се заврши пред Собранието. Се очекува дека на протестот повторно ќе се обрати амбасадорот Дабиќ.