На средбата присуствувал и генералниот секретар на фудбалската федерација на Албанија Илир Шулку.
Поздравувајќи ги присутните амбасадорот Марковски ја промовираше идејата за организирање на хуманитарни натпревари, што би била поддржана од дипломатскиот кор, со цел обезбедување на финансиски средства за купување спортска опрема за основните училишта.
-Средбата беше искористена и за меѓусебно запознавање на фудбалерите со дипломатскиот состав на амбасадата. Беше потенцирана и улогата на македонските фудбалери кои во своите клубови и настапи на фудбалските терени го промовираат спортскиот дух и пријателство меѓу младите, наведуваат од амбасадата.