Амбер Херд ќе глуми во филмот „Аквамен 2“ помалку од десет минути. Ваква одлука донесоа продуцентите откако беше покрената петиција Херд да биде исфрлена од актерската екипа, објави филмската критичарка Грејс Рандолф.

Петицијата првично е покрената во 2019 година, а по деталите изнесени при судењето со поранешниот сопруг Џони Деп, таа е повторно активирана.

Еден од иницијаторите на петицијата, Џен Ларсон изјавила дека Амбер е злоставувачка и дека откажувањето на нејзиното појавување во продолжението на Аквамен би спречило „нејзиното злоставување да се глорифицира“.

За потсетување, судењето меѓу Херд и Деп влегува во четвртата недела. Актерот бара од поранешната сопруга 50 милиони долари оштета поради текстот кој таа го објави во „Вашингтон Пост“ а во кој тврди дека била злоставувана.

Амбер му возврати на Деп со против тужба во износ од 100 милиони долари, бидејќи смета дека актерот со тужбите сака да ја заплаши и замолчи што во Америка е исто така против законски.