Со 29 освоени медали, од кои 12 златни, атлетичарите од Соединетите Американски Држави беа најуспешни на Светското првенство кое синоќа заврши во Будимпешта.

По четири златни медали освоија Шпанија и Канада, додека Јамајка и Кенија по три златни одличја.

Според вкупниот број освоени медали, зад Американците се пласираа Јамајка со 12, и Кенија и Велика Британија со по десет медали.

На Светското атлетско првенство чиј домаќин беше Будимпешта медали освоија атлетичари од 46 држави.