На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ денеска во 4 часот по извршена контрола во багажот кај С.Е.П.(45) од САД биле пронајдени три куршуми и една чаура од испукан куршум, соопшти МВР.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.