Тетовските пожарникари во првите два дена од оваа година се соочија со два пожари на двата најголеми булевари.

На 1 јануари, околу 40-тина минути по полноќ пожар избувна во просториите на поранешното претријатие за јавен превоз „Полет”.

– Кога сите се радуваа на Новата година, за нас работно почна годината со овој пожар. Веднаш беше ставен под контрола и целосно локализиран. Девет пожарникари спречија поголема катастрофа, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Вчера околу 17 часот и 40 минути на булеварот „Маршал Тито” започнал пожар во возило во движење.

– Пожарот избувнал во „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(29) од тетовско Селце. Нема повредени лица. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информираат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.