Околу 70.000 Авганистанци кои пристигнаа во САД од 30 јули, кога почна операцијата за евакуација на сојузниците „Добредојдовте сојузници“ , ќе можат да користат поедноставени процедури за добивање „зелена карта“, дозвола за престој во САД и разни дозволи што би можеле да им бидат неопходни, се наведува во соопштението на министерството.
Тие, исто така, ќе бидат ослободени од такси за регистрација, што е битна мерка, бидејќи само различните такси за дозволата за престој можат да достигнат илјадници долари.
-Со овозможувањето поедноставени процедури и ослободувањето од такси, ќе отвориме можности за нашите авганистански сојузници и ќе им помогнеме побрзо да го градат животот во нашата земја, искоментира министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас. Овие мерки, додаде тој, ја покажуваат нашата посветеност на Авганистанците кои им пружија вредна помош на САД во изминатите 20 години, како и на Авганистанците во опасност“.
Летово од Кабул беа евакуирани повеќе од 120.000 лица, вклучувајќи и дипломати и странски државјани, но и десетици илјади Авганистанци во опасност, особено затоа што соработуваа со силите на меѓународната коалиција во Авганистан. Од тој број, околу 70.000 Авганистанци беа примени во САД, а други избраа други земји.