Екстремните временски услови во изминатите три дена предизвикаа големи штети и врз куќите и врз земјоделските култури.

Четири лица загинаа синоќа во лизгање на земјиштето во две одделни области, пренесе ДПА.

Во Рамбукана, 95 километри источно од главниот град Коломбо, загинаа три лица од едно четиричлено семејство, кои беа затрупани од свлечиште. Едно од нив е спасено, додека телата на трите загинати лица се извлечени од под калта, соопшти полицијата.

Во свлечиште вчера загина и една 23-годишна од централната област Нармала, а останатите шест лица загинаа во неделата.

Илјадници хектари земјоделско земјиште, вклучително и земјиште под оризови култури, се наоѓаат под вода. Повеќе од 50 куќи се оштетени, а неколку патишта во различни делови од земјата не можат да се користат, пренесува ДПА.