Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските воени сили во северозападна Сирија го убиле Абу Ибрахим ал-Хашими ал Кураши, водачот на терористичката група Исламска држава.

Американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција за заштита на американскиот народ и нашите сојузници – наведе Бајден во изјавата, додавајќи дека ниту еден американски војник не бил повреден за време на операцијата.

Малку е познато во јавноста за Ал Кураши, кој ја предводеше екстремистичката група по смртта на Абу Бакр ал-Багдади, кој се самоуби во 2019 година додека американските специјални сили се приближуваа кон него.

Бајден најави повеќе детали за операцијата во текот на денот.