Извршните директори на големите американски авиопревозници денеска предупредија на претстојна можна „катастрофална“ воздухопловна криза од среда кога AT&T и Verizon се подготвуваат да воведат нова 5G услуга.

Авиокомпаниите предупредија дека новата услуга C-Band 5G би можела да предизвика голем број авиони неупотребливи и „може да заглави десетици илјади Американци во странство“.

Главните извршни директори на American Airlines, Delta Air Lines Southwest Airlines, United Airlines и други напишаа: „Доколку не им се дозволи на нашите авиокомпании да летаат, огромно мнозинство на патници и товари во суштина ќе бидат приземјени“.

Федералната управа за авијација предупреди дека потенцијалното мешање може да влијае на чувствителните инструменти на авионите, како што се висонометрите и да влијае на операциите при слаба видливост.

„Ова значи дека ден како вчерашниот, повеќе од 1.100 летови и 100.000 патници ќе доживеат откажување, пренасочување или доцнење“.

Мора итно да се пресземе акција додаваат тие во спимото во кое се потпишани и UPS Airlines, Atlas Air, JetBlue Airways и FedEx Express.

„ Да бидеме искрени, трговијата ќе престане“.

Авиокомпаниите бараат „5G да се имплементира насекаде во земјата, освен на приближно 2 милји (3,2 км) од аеродромските писти на клучни аеродроми