Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје сончево, претпладне со мала облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени.

УХМР за во среда и во четврток најавува стабилно време со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во петок.