Амбасадорката Брнз на Твитер напиша дека со отворањето на Американското катче се продлабочува соработката со УКИМ.
Од 2005 година, Американското катче во Скопје нуди креативни програми, студирање во САД и други ресурси кои ќе ги зацврстат младите во изградба на подобра иднина, напиша амбасадорката Брнз.
Инаку, Американското катче досега беше лоцирано во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Тоа во сиот изминат период прерасна во препознатлива локација, која им нудеше на младите многу книги и списанија и им овозможуваше и Интернет пристап за истражувачки цели.
Американското катче низ годините организираше различни предавања, филмски и ДВД проекции, работилници, дискусии и часови за разговор на англиски јазик.
На полето на образованието, се нудат советувања за млади заинтересирани лица кои планираат да учат и студираат во САД, а истовремено тоа служи и како алумни центар, каде граѓаните на Република Северна Македонија кои биле во САД преку програма за размена имаат можност да се среќаваат и да одржуваат контакт со нивните пријатели во САД.