– Ни следат два важни натпревари, последни во овие квалификации. Имаме теоретски шанси да дојдеме до второто место. Не зависи се од нас, но ние ќе дадеме се од себе да освоиме шест бода и се надеваме дека во недела ние ќе бидеме втори. Повредите се составен дел од фудбалот, но ние имаме квалитетни играчи и верувам дека ќе го покажат квалитетот со што ќе ја оправдаме довербата од селекторот. Ќе ја анализираме Ерменија, ќе видиме кои се нивните лоши страни и да ги искористиме да дојдеме до победа. Романија има шанси, има и Ерменија, но имаме и ние, ќе биде неизвесно ние ќе дадеме се од себе да освоиме шест бода и да се пласираме во баражот, изјави Миовски.

Македонската репрезентација прво ќе се сретне со Ерменија во Ереван на 11. ноември, а потоа ќе го пречекаме Исланд дома на 14. во последното коло.