На патот во изградба Кичево – Охрид на делот од Пресека до Песочан утре од 11:00 до14:00 ќе се изврши минирање, информира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.