Изјавата на националниот координатор за гранично управување дека жртвите од автобусот на Беса транс се вионовни што не провериле дали автобусот има лиценца предизвика бура од реакции на граѓаните, но и на академската јавност.

Професорката Ана Павловска Данева кусо искоментира „завалија чуекот“.

Весна Јаневска, пак, го нарече практикување демократија во стилот на сталинизмот.

Изјавата на националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров за Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ е практикување на демократијата во стилот на комунизмот, сталинизмот и фашизмот.

Пивоваров вели граѓаните биле криви што се возеле во автобус без лиценца, не побарале да видат дали автобусот е лиценциран. Претпоставувам дека истиов господин кога влегува во авион бара лиценца од пилотот и стјуардесата.

Веројатно луѓево се криви и затоа што живи гореле, исто како оние во болницата во Тетово.

Ова е вашето видување и поимање на демократија и успешно управување со државата? Во стилот на комунизмот, Стаљинизмот и фашизмот?

Ваквото извртување на тезите во корист на криминалот и корупцијата, кои ја уништуваат државата, народот нема да може вечно да го трпи, но тогаш ќе стигне и заслужената казна, затоа што претерано е, премногу е, напиша Јаневска

Во емисијата „25 минути“ на ТВ24 Пивоваров изјави дека и граѓаните, требало да ја проверат лиценцата на автобусот.Според него вината може да се гледа и во граѓаните кои требале да ја проверат лиценцата на автобусот.

Дали некој од граѓаните побара, праша дали ова возило со кое патуваат има интербус дозвола. Верувам дека не. Одговорност имаат и граѓаните, како што имаат и институциите, дополни Пивоваров, вели Пивоваров.