Артан Груби тврди дека нема да биде премиер Албанец, но дека во Мала Речица се разгледуваат имиња за 100 дена премиер Албанец. Вицепремиерот вели дека одлуката ќе ја донесе Али Ахмети.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари пак и вчера во ијзава за медиумите посочи дека ја разгледува како можност опцијата да ги напушти Ковачевски и Ахмети. Доколку ова се случи следна фаза би била гласање на недоверба на владата и формирање на ново парламентарно мнозинство.
Премиерот Ковачевски засега претпазлив во своите одговори. Тој вчера најави дека наредниот период ќе има и коалициски средби за да се разгледаат идните чекори на владината коалиција во пресрет на престојните избори но и ќе се обидат да се усогласат околу датумите.
Христијан Мицкоски од Битола побара 61 пратеник за стабилна Македонија. Во однос на изборите ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека вториот круг од претседателските треба да биде во ист ден со парламентарните а денеска и од ДС велат дека има мнозинство за претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист ден.
Кој е фаворит за победа на следните избори?
Реномираната интернет страна и социјална мрежа Europe Elects пред две недели извести за последната анкета на ИПИС во која ВМРО-ДПМНЕ има предност од 11% пред СДСМ, а Христијан Мицкоски 12% пред Димитар Ковачевски.
Europe Elects е доверлив и етаблиран медиум специјализиран за објавување на истражувања на јавното мислење поврзани со рејтинзи на партии и на политичари од целиот европски континент, што претстабува своевидна дополнителна потврда за релевантноста на резултатите од анкетата на ИПИС од 20.10.2023 година.
Според резултатите од анкетата, доколку следната недела се оддржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20.3%, а за СДСМ 11.3%. За разлика од македонскиот, во албанскиот опозициски блок, се навестува тесна трка. Алтернатива, БЕСА и Демократско движење на Меџити, заедно уживаат доверба од 5.1%, што е речиси еднаков рејтинг со владејачката ДУИ.
North Macedonia, IPIS poll:
VMRO DPMNE-EPP: 39% (+1)
SDSM-S&D: 22% (-3)
DUI~S&D: 11% (n.a.)
Levica~LEFT: 7% (+1)
ZNAM-*: 6%
BESA~NI: 4%
AA~NI: 4% (-1)
Alternativa~NI: 3%
DD-*: 2% (new)+/- vs. 23-26 May 2023
Fieldwork: 25-27 October 2023
Sample size: 1,055
➤… pic.twitter.com/fAS1mGB20v— Europe Elects (@EuropeElects) October 29, 2023