Ако пред само неколку месеци анкетите покажуваа дека Левица ќе освои 5 до 7 пратеници, по сегашниот раскол се очекува дека истиот број ќе биде значително намален.

Имено, само во претходните неколку дена бевме сведоци дека од Левица заминуваат неколку клучни фигури:

Дарко Масларковски – прв човек и советник во Општина Аеродром
Живанка Морис – екс меѓународната координаторка во Левица
Бранко Ристов – прв човек и советник во Општина Карпош

Конфликт Апасиев – Масларковски

Масларковски во текот на оваа недела гостуваше во нашиот медиум каде зборуваше за внатрепартискиот раскол и клиентелизам кој го започнува раководството.

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО СО ДАРКО „ПУКА КОЗМЕТИКА“: Каде пукна тиквата во Левица?

Тој рече дека Левица со нејзиниот лидер Димитар Апасиев бега од одговорност.

Левица не сака да има повеќе од 5 пратеници дека тогаш ќе треба да преземеш одговорност, вели Дарко Масларковски за Радио Лидер.

Масларковски додава дека Апасиев цели шест месеци не им враќал на пораки и не ги примал на состанок.

Димо не може во очи да ме погледне, во најмала рака ќе се исели од Аеродром, вели тој и објаснува дека Масларковски со секој може да се види во очи бидејќи не бега од ништо што има створено.

Опозиција на опозицијата

Левица, кога се појави како нова партија која имаше можност да ги напаѓа владините политики, но раководството реши да биде „опозиција на опозицијата“. Ваквиот опис како опозиција на опозицијата најдобро го опишува тоа што партискиот лидер Димитар Апасиев повеќе го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ и ДУИ.

Ваквото објаснување дека Левица повеќе ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ честопати е негирано од партиските симпатизери на Левица, но да погледнеме фотографија која ви демонстрира сѐ.

Фото: Преземено од Фб профил на Богдан Илиевски

На фотографијата погоре се забележува како Димитар Апасиев во текот на месец февруари 2024-та година во 17 наврати пишува против ВМРО-ДПМНЕ само на својот Фејсбук профил.

Живанка Морис го обвинува Апасиев за непринципелно водење на партијата

Екс координаторката на Левица ни соопшти дека кај Апасиев постоела сериозна фрустрација за тоа што не можат експресно да се соберат потписите за Ванковска, а како едни од главните „виновници“ за тој проблем биле посочени медиумите.

Бранко Ристов наречен како партиски „џган“, а никогаш јавно не зборувал против Левица

Најинтересна ситуација, можеби дури и за неверување е она што се случува со Бранко Ристов. Тој е разрешен од сите партиски функции и повеќе не е член на највисокото раководство (президиум).

Првиот човек на Левица во Карпош и покрај тоа што јавно никогаш не рекол лошо за Левица ништо, тие преку својата Фејсбук страница упатија навреди кон него нарекувајќи го „џган“. Левица во очај презема и вакви меркки.

Здравко Савески против Димитар Апасиев

По долго време се огласи и основачот на Левица, Здравко Савески кој е скаран со Димитар Апасиев веќе подолг период.

Најновиот расцеп во т.н. Левица е третиот расцеп за осум години постоење на партијата. Првиот беше во 2016, вториот во 2019, а третиот сега. Самиот тој факт што една партија трипати во осум години се соочува со сериозни судири во самото раководство треба нешто да ви индицира, вели тој.

Целосниот и долг статус може да го погледнете во продолжение.

Низа партиски активисти се откажаа од Левица

По суспендирањето на Бранко Ристов кој истовремено е претседател на Советот во Карпош се кренаа и други лица.

Минатата недела се повлече и носителот на листата во Гази Баба – Дарко Стојановски кој беше член на Централниот комитет. Претходно и советникот Орде Маневски од Гази Баба си поднесе оставка, во екот на внатрепартиската криза.

Советникот во град Скопје, Александар Николовски, исто така ја напушти советничката група на Левица во Советот на град Скопје.

Пред еден месец разрешен беше и Методија Костоски од локалниот огранок во Прилеп кој беше приморан да си даде оставка и од советничкото место.

Претходно, оставки си поднесоа и модераторите на Прилеп, Кичево, Дојран, Ново Село, Карпош, Илинден, Аеродром. Во Општина Аеродром станува збор за Кирил Митановски.

Распаднати ограноци во повеќе градови

Изминатите неколку месеци повеќе модератори на локални ограноци си поднесоа оставки а во повеќе ограноци има кризи. Распаднати ограноци се Штип, Кочани, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево, Кисела Вода, Илинден, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Центар.

Посетата на Енвер Хоџа причина повеќе за негативни коментари

Социјалните мрежи вријат од коментари, граѓаните се револтирани од потегот на Левица да се посети гробот на Енвеер Хоџа. Твитер, Фејсбук и Инстаграм се полни од коментари кои се негативни.

Тогаш, по повод 38 годишнината од смртта на Енвер Хоџа, официјална делегација на Левица на највисоко ниво, составена од Димитар Апасиев и членовите на Президиумот – Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски, оддадоа почит пред вечното почивалиште на албанскиот комунист Енвер Хоџа (1908-1985) – поранешен премиер на Народна Република Албанија во периодот по Втората светска војна и човек кој го негирал македонскиот народ.

Отворени сомнежи дека сопругата на Апасиев поседува габрика во кожарската индустрија

Се претставуваат како деца на стечајци, а во суштина се луѓе кои поседувале фабрики. Во претходните денови јавноста ја разбрани информацијата дека сопругата на Димитар Апасиев била газдарица на фабрика во кожарската индустрија, а освен тоа дава и мали плати за работници. Доколку се докажа дека ова е точно тогаш народот масовно ќе ја казни Левица.

(ВИДЕО) АПАСИИЦА ИМАЛА ФАБРИКА ЗА ЧЕВЛИ И ДАВАЛА 6.000 ДЕНАРИ ПЛАТА НА РАБОТНИЦИТЕ – РАСКОЛ ВО ЛЕВИЦА!

Во меѓувреме, на ваквите навреди Димитар Апасиев негира раскол и вели дека системот ги фаворизира големите партии. Оваа изјава ја сподели Антропол и објаснува како Левица влегла со два пратеника, а сега ќе има повеќе.