– Сега ќе ви кажам еден пример за да видите како се грижи Левица за работничката класа. Сопругата на Димитар Апасиев, Тамара Јованов, до 2015/2016 година била газдарица за тоа поседуваме документи кои ќе ги објавиме, била газдарица на Marwell MK, тоа е некаква фабрика од кожарска индустрија која произведува чевли, претежно женски чевли. Сопругата на Апасиев е еден од сопствениците таму до 2015, значи таа е фабрикант, има фабрика. Одиме чекор понатаму, платите во таа компанија во тој период таму биле помеѓу 6.000 и 12.000 денари. Како тоа, ќе ни зборува сега Тамара Јованов за борба за работничките права кога таа самата на работниците 6.000 денари плата? – објави еден од авторите на емисијата, Љупчо Златев.

Сопругата на Апасиев и самата во својата биографија потврдува дека била ко-сопственик на оваа компанија, која на работниците им давала толку мали плати.