Министерот за култура на Србија, Никола Селаковиќ, физички нападнат во Белград
Српскиот министер за култура, Никола Селаковиќ, бил физички нападнат синоќа во Белград од страна на непознато лице, кое го удрило по глава. Министерот утрово изјави за српските медиуми дека е во добра здравствена состојба.
Селаковиќ за инцидентот: „Ме удри одзади, не го познавав напаѓачот”
- Напаѓачот дојде одзади и ме нападна, а никогаш претходно не сум го видел. Околу 22 часот бев во посета на моите родители, кога тоа лице почна да вика, да ме навредува и да користи навредливи зборови. Додека се свртував за да го погледнам и да разберам што сака, тој ме удри и побегна. Ударот беше во главата, поточно на левата страна од носот, каде што добив расекотина. Поради тоа што носев очила, тие паднаа, а стаклото ми го исече лицето. Покрај тоа, ме погоди и во задниот дел од левата слепоочница – изјави Селаковиќ за РТС.
Министeрот поднесе пријава во полиција и побара лекарска помош
По нападот, Селаковиќ веднаш се упатил кон полицијата за да го пријави случајот. Истовремено, посетил лекар, каде што по прегледот му бил издаден извештај со констатираните повреди.
Протести низ Србија – нови инциденти со полицијата
Во Србија продолжуваат протестите поврзани со несреќата во Нови Сад. Денеска се одржуваат демонстрации низ целата земја, при што веќе имало судир меѓу полицијата и земјоделците во Богатиќ. Во Белград, најпрво ќе се одржи осмомартовски марш, а подоцна ќе следи протест под името „Студенти и работници рамо до рамо“. Овој протест ќе започне од десет различни локации, ќе доведе до блокада на главниот град и ќе заврши на Плоштадот на Републиката.
Немири во српското Собрание
Освен на улиците, немири имаше и во српското собрание. Тогаш, опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“.
(ВИДЕО) ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Фрлени димни бомби, пратеничка доби мозочен удар