И тоа постојано ни се случува во еден циклус на шест месеци или помалку, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, откако се појасно е дека Македонија повторно ќе добие вето за отпочнување на преговорите со ЕУ од страна на Бугарија.

Андоновски посочи дека од денешниот Совет јасни се две работи, и тоа дека позицијата на Бугарија во однос на Македонија останува непроменет, како и дека тоа е став на ниво на Европската унија.

Две работи се денеска јасни од овој Совет. Прво е дека позицијата на Бугарија е непроменета, односно тоа што Радев го зборуваше подолг период е дека тие ставовите кон Македонија нема да ги менуваат и тоа е нешто што останува. И втората е дека тие имаат извршено успешно лобирање во Брисел да темата на преговорите не биде закочена само од нив туку тоа биде унисон став на Советот, дека преговорите ќе отпочнат најбрзо кога што може, но кога за тоа ќе се случат услови. Значи не е издвоена Бугарија како една земја која што става вето за да биде изложена на столбот на нападите или на срамот, туку сите заедно имаат унисон став на ниво на Европската унија, истакна тој.
Андоновски потсети дека тој уште пред некое бреме во дебата во истата емисија кажувал дека Договорот за добрососедство претставува само сопка за евроинтегративните процеси на земјата, но бил обвинуван дека шири лажни вести, за денеска да излезе дека бил во право.

Имено, подготвувајќи се за емисијата, погледнав една наша друга дебата со Жерновски на 2 јуни каде што во истото ова студио кажав дека Бугарија ќе одлучува дали ќе ни даде зелено светло само кога ќе ги исполнува условите од договорот, и реков дека Договорот е поголема сопка на нашите евроинтегративни процеси, дури и од Преспанскиот договор, претходно.

И тогаш бев обвинуван дека ширам лажни вести и дека ова што го зборувам е срамно, дека Бугарија нема поставено услов, рече Андоновски и додаде:

Но, излезе дека сум бил во право тогаш кажувајќи дека Бугарија има свои став, тврд став кој што на ниво на целото Собрание и со оглед на тој став, таа не сака и не може да го промени ставот.

Според Андоновски довербата на македонските граѓани кон Европската унија е на историски минимум и за тоа да се промени потребно е прво да се заврши домашната задача, а тоа е намалување на корупцијата, да се постигне економски напредок, се со цел државата да стане кредибилен партнер на ЕУ.

Што треба да направиме? прво да си ја завршиме домашната задача тоа што го зборуваме ние веќе многу долго време, а тоа значи да ја намалиме корупцијата, да постигнеме економска напредност слична на нашите соседи, да привлекуваме повеќе странски инвестиции. И со завршена домашна работа да бидеме кредибилен партнер на Европската унија. потенцираше Андоновски.