Најчесто се обраќаат за проблеми од областа на инфраструктурата, комуналните дејности, економијата, невработеноста но и на други теми.

Дел од граѓаните дадоа и конструктивни предлози и сугестии. Како Градоначалник заедно со вработените во општинската администрација ќе се обидеме, доколку е во надлежност на општината, да им излеземе во пресрет на граѓаните, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.