„Во предлогот нема никакво образложение зошто овој министер за дијаспора без ресор треба да се разреши, а воедно не се дава предлог за министер од оваа функција без ресор задолжен за дијаспора“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница.
Таа додаде дека ниту пак во експозето премиерот не навел причини за разрешувањето на овие три министри
Сегашниот предлог за разрешување на министрите значи дека овие што денес се дадени за предлог за разрешување се неспособни, нечесни, неработливи и неодговорни и затоа требаше да се каже дека Алтернатива која ја спаси оваа Влада пред една година сега е неработлива и нечесна, вели Ангелевска.
Ангелевска посочи дека ова што го прави СДСМ и ДУИ и овие гимнастики за проширување на мнозинството во Собранието кое дефакто нема да е проширено и повторно ќе е 64 до 65. Тие тоа го прават сето ова само за да се заштитат себе си, своите криминали и непотизмот.
Во врска со министерот без ресор Џемал Чупи за кого никој ништо не кажа ние самите побаравме кој активности ги имал во своето работење, па така во очи ми падна дека во 23 општини низ Република Македонија се отворени канцеларии за дијаспората во Општина Аеродром, Берово, Босилово, Виница, Гостивар, Дебар, Делчево, Карпош, Кисела Вода, Конче, Кочани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Новаци, Ново Село, Ресен, Свети Николе, Теарце, Центар Жупа и Штип. Понатаму се вршело и обука за функционирање на овие канцеларии и како тие ќе работат, изјави Ангелевска.
Ангелевска запраша дали овие канцеларии воопшто сега ќе продолжат со работа или нема да продолжат со работа ако нема друг министер без ресор задолжен за дијаспора?