Како што вели Ангелов, до ваква ситуација дошло откако Владата не одобрила пензионираните пилоти да продолжат со работа со договор на дело.
Проблемот очекува да се надмине од новата влада, бидејќи како што појасни иако директорот на ДЗС уште пред два и пол месеци побарал Владата да дозволи пензионираните пилоти да продолжат да работат со договор на дело, тоа техничката влада не го направила.
Ангелов изјави дека во моментов Македонија не е подготвена за шумски пожари.
Во ситуација, како што посочи, кога не очекува топло и жешко лето, на ниво на државата моментално има 938 пожарникари, но потребни сè уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна, според Ангелов, е состојбата во Пожарна Скопје.
„Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе коишто се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години“, изјави Ангелов.