На средбата, како што соопшти тој, разговарале за слабостите и најавените реформи во однос на системот за управување со кризи.
– Конструктивна работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Стево Пендаровски, на која, меѓу другото, разговаравме за слабостите и најавените длабоки реформи на системот за управување со кризи како и можностите за надминување на одредени состојби со бранителите од 2001-та, напиша Ангелов на „Фејсбук“.