Мицкоски: Кај си бе директоре, добар ли си?

Ангелов: Добар, вие?

Мицкоски: Ќе ја биде ли? Благодарејќи на луѓево, барем локализираа.

Откако имаа куса средба во беровско пред два дена, па начелно се договорија дека и опозицијата да се вклучи со своите совети во гаснењето на пожарите, а поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ постојано го критикува начинот на кој ЦУК се соочува со ситуацијата со пожарите, директорот Стојанче Ангелов, ја покани партијата на Христијан Мицкоски да предложи член кој ќе учествува на седниците на Централниот штаб.

Од ВМРО-ДПМНЕ прифатија. Ќе предложат нивен член за овој орган, и се надеваат дека нивните предлози ќе бидат прифатени.

Арсовски, исто така, рече дека сегашното тело кое раководи со гаснењето на пожарите нема идеи и предлози за превенција и дека нема никаква координација, а се е оставено на помош на странците, пожарникарите од нашата држава и мештаните.

Директорот на ЦУК, Ангелов, иако признава дека ресурсите се ограничени, вели дека тие се доволни за да се соочат со пожарите. Тој посочи дека она што најмногу недостасува се хеликоптерите, кои работат според приоритетната листа, првично одејќи таму каде што ризикот е најголем.