Серијата настани за одбележување на 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор, вредни половина милион евра, треба да финишираат со централна прослава во петок во скопскиот хотел Александар Палас, која ќе се одржи непосредно пред да стапат во сила новите порестриктивни мерки за заштита од ширењето на ковид 19.

Вицепремиерот Артан Груби, чие министерство ги организира настаните поврзани со 20-тиот роденден од Рамковниот договор,  убедува дека и покрај тоа што се најавени 300 гости за централната манифестација нема опасност короната да се шири меѓу нив.

Речиси 500 илјади или пола милион евра се предвидени да се потрошат за целата прослава која трае неколку месеци но ќе финишира на 13 ти.

Според тендерската документација две тетовски фирми го земале тендерот за организација Арбериа дизајн за продукција и маркетинг и агенцијата за туризам Еуро турист.

Министерството за политички систем и односи мегу заедниците на Груби барало да се обезбеди хотел со хала со капацитет од 300 гости, опрема за озвучување, да има спа центар и сеф во секоја соба, храна пијалоци авиобилети изработка на видеа, нивно размножување и печатење.

Вчера Владата објави дека ќе се укинат свадбите на затворено, ке се забранат настани и концерти.

За над 30 гости во ресторан или друг објект ќе се бара тие да се вакцинирани.

Но мерките ќе стапат на сила два дена по прославата.