Во програмата за сообраќај нема ниту една од овие проекти, заради и тоа се предлага овој амандман. Практично со овој амандман се врши прераспределба на средствата заради нивна наменска алокација за квалитетно, навремено и успешно одвивање на проектите, а намалување на непродуктивните трошоци на Град Скопје. Имено предвидените 35 милиони денари се за зголемување на средства во изградба и реконструкција на локални патишта заради проектирање или успешна имплементација, вели Емилија Ангелова, советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, образложувајќи го амандманот поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ангелова рече дека со амандманот се предвидува кратење од непродуктивните трошења на градот, укажувајќи дека во програмата за сообраќај нема предвидено реконструкција на улиците, порачувајќи дека Град Скопје мора да започне со реализација на проектите.
Со овој амандман се предвидува да се скратат од програмата Е0- општинска администрација, ставка 425 договорни услуги и тоа 35 милиони денари. Како приоритети во оваа програма ќе ги набројам сите наведени улици, се работи за проекти за нови кружни текови и реконструкција на улици, на булевар Србија, 12 Македонска бригада, како и Фрањо Клуз, со реконструкција на Фрањо Клуз кон булевар со надвозник за поврзување на Аеродром и Кисела Вода, од булевар Трета Македонска бригада до улица Народни херои, нова улица Борис Кидрич од Трета Македонска бригада до улица Симеон Кавракиров, реконструкција на улица Вера Јоциќ, нереализиран општинска соработка со општина Кисела Вода, во изградба на канализациона мрежа во населба Градинар и реконструкција на улица во населба Усје. Реконструкција и санација на фекална канализација на улица Христо Татарчев, реконструкција на улица 30 Љуботенски пат, од скопска обиколница до пат на село Љуботен и многу други улици, нагласи Ангелова.
Ангелова побара поддршка од сите советници во советот на Град Скопје додавајќи дека со ова не се прави дис баланс на буџетот на Град Скопје.
Имено, повторувам уште еднаш, во програмата за сообраќај нема ниту една од овие улици, нема ниту еден проект. Оние проекти кои што не се започнати предлагаме да бидат започнати ако се прифати овој амандман, и оние проекти кои се веќе завршени да се отпочне со нивна реализација конечно. Со овој амандман воопшто не се прави дис баланс на вкупниот буџетот и затоа е поднесен и нашата советничка група смета дека е издржан амандманот и треба да добие поддршка од сите советници – вели Ангелова.