-Бидејќи Владата на ДУИ продолжува да раководи со Република Македонија. Таа Влада на ДУИ ја урниса Република Македонија, затоа што неказнето, целосно неказнето веќе 18 години криминално работат на банкрот на државата, додава тој.
Ангеловски додаде дека оваа Влада единствено испумпуваше државни, буџетски пари.
-Земаат се, земаат државно земјиште, се што може да се зеде од државата, нагласи Ангеловски.
Ангеловски посочи дека комедијата од оваа власт ќе биде завршена единствено кога целосно Владата ќе падне, а не само со оставката на Зоран Зaeв.
-Државата ќе почне на подобро да се движи кога ќе се формира нова Влада и тоа без СДСМ и ДУИ, рече Ангеловски.