Tоа е тој процес на ДУИ – зација кој Зоран Заев се повеќе го потикнува за да остане на власт малку подолго, изјави претседателот на МААК, Страш Ангеловски во емисијата „ Утро со Златев“ на Радио Лидер.
И затоа Заев е подготвен на секакви работи. Заев е подготвен и за премиер албанец, само за да остане повеќе на власт и да не одговара на злостопрствата кои ги направи во Македонија, ова се повеќе наликува на Хитлер . И Тамара и Нина се како нашите деца, а во светот во училиштата најпрво се интонира химната, ние малку треба да поработиме на тоа национално чувство и да не да направиме националисти, туку деца кои ќе ја знаат историјата , а не како Царовска што сака да ја укине, изјави Ангеловски.