Англија го освои третото место на Светското првенство 2026, откако синоќа во Мајами ја победи Франција со 6:4 во натпревар исполнет со голови и пресврти.

Англичаните уште во првото полувреме направија голема предност, постигнувајќи четири гола без одговор. Деклан Рајс го отвори резултатот во 3. минута, Езри Конса зголеми во 18., а Букајо Сака двапати се запиша меѓу стрелците во 37. и 45. минута.

Франција во вториот дел тргна во обид да ја стигне високата негатива. Килијан Мбапе погоди во 48. минута за 1:4, а Бредли Баркола во 54. минута намали на 2:4. Мбапе со својот втор погодок во 66. минута ја доближи Франција на само еден гол разлика.

Сепак, Англија не дозволи целосен пресврт. Букајо Сака во 87. минута реализираше пенал и го комплетираше својот хет-трик. Во судиското продолжение Усман Дембеле постигна гол за Франција во 90+6. минута, а Џуд Белингам само две минути подоцна ги постави конечните 6:4.

Со оваа победа Англија го освои третото место на Мундијалот, што е нејзин втор пласман на победничкиот подиум во историјата на Светските првенства. Англичаните досега единствената светска титула ја освоија во 1966 година.

Финалето на Светското првенство ќе се одигра вечерва од 21 часот, кога за шампионската титула ќе се соочат Аргентина и Шпанија.