Се зголемува резервираноста на македонските граѓани кон евроинтеграциите како резултат на условите кои Бугарија ги поставува за членството на Македонија во ЕУ. Една третина од испитаниците во истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн, не гледаат перспектива во интеграцијата со ЕУ. Речиси половина од испитаниците сметаат дека не треба да сео прифатат условите под кои се нуди продолжувањето на процесот на интеграција со ЕУ.
Од 1.200 испитаници на телефонското истражување 29 отсто даваат поддршка за францускиот предлог за начинот на кој Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Повеќе од 22 отсто одговорија дека и не го разбираат францускиот предлог. Само половина од испитаниците се изјасниле дека го знаат и разбираат францускиот предлог.
Најголемиот дел и од испитаниците кои го знаат и од оние кои не го знаат и го разбираат францускиот предлог, сметаат дека овој предлог содржи услови кои не треба да се прифатат.
Голем дел од испитаниците одговориле дека ниту една од партиите (24,9%) немаат прифатлив став во однос на бугарските барања и не понудиле соодветно решение за овој проблем. 39,8 отсто од анкетираните граѓани велат дека не знаат која партија да ја издвојат со јасен и недвосмислен став во однос на бугарските условувања. Дека СДСМ има најприфатливо решение одговориле 10,6 отсто од испитаниците, а за 9,1 отсто од испитаниците тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
Целата анкета на МКД.мк