Истражувањето е спроведено од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Како главни причини за постоечкото ниво на корупција граѓаните сметаат дека е толеранцијата на граѓаните (29%) и тоа што самата власт ја поттикнува корупцијата (28,8%). За 24,6 отсто од анкетираните граѓани проблемот е и во надлежните институции (МВР, обвинителство судови…) кои не се борат против корупцијата.

Истражувањето на МКД.мк покажува дека само 12,8 отсто од испитаниците можат да посочат некој конкретен случај на корупција во изминатата година, при што најголема свесност постои за случајот Рекет 1 и за случајот со тендерите на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Целото истражување погледнете го со клик ТУКА.