Ова го покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“.

Според Галуп, 70 отсто од испитаниците се против тоа Бугарија да го укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија.

Речиси 20 проценти се со спротивно мислење. Останатите се уште се двоумат, јавија бугарските медиуми.

Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 полнолетни Бугари по пат на телефонски разговор.