Анкетата, исто така покажа дека од гласачите Македонци, 50,9 отсто би гласале за Димитриевски, од гласачите Албанци – 39,4% и од другите заедници – 41,4%.
Истражувањето пред претстојните локални избори за расположението на жителите на Општина Куманово во соработка со МКД.мк е спроведено од агенцијата М-проспект од 20 до 28 август.
Максим Димитриевски на овие локални избори настапува како независен кандидат за градоначалник на Куманово и со своја советничка листа за Советот на општината. Анкетата покажа дека за кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски би гласале 15,9% од анкетираните, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски доби поддршка од 14,2 отсто од анкетираните. 21,5 отсто одговориле дека се неопределени.
На прашањето „Дали сте задоволни од работата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски”, дури 66,8% се изјасниле дека се задоволни.
Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.039 испитаници, жители на Куманово, постари од 18 години. Примерокот е стратификуван репрезентативен по урбана/рурална и етничка припадност.