Последната телефонска анкета спроведена од Институтот за политички истражувања во Скопје, на барање на МРТ, покажува дека граѓаните имаат јасна перцепција за претстојните локални избори. Анкетирани се 1000 испитаници во септември, и резултатите укажуваат на водечка позиција на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето: „За тоа која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори?“, огромни 28,1% од испитаниците одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Следат: Национална алијанса за интеграција со 8,8%, коалицијата Вреди со 8,1%, СДСМ со 4%, Левица со 2,4%, а за Знам се изјасниле 2,3% од испитаниците.
Исто така, анкетираните биле прашани: „Која политичка опција сметате дека најдобро би се справила со проблемите во вашата Општина?“ Според одговорите, 23,6% го избрале ВМРО-ДПМНЕ, 9,1% Национална алијанса за интеграција, 9% коалицијата Вреди, 4,8% СДСМ, 3,1% Левица, а 2,4% Знам.
Резултатите ја покажуваат јасната доверба на граѓаните во лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ и нивната способност да управуваат со локалните проблеми.