Анкетата спроведена од американскиот „Националниот демократски институт“ (НДИ) покажува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од минатата година и анкетата на американскиот Национален демократски институт кога колацијата предводена од СДСМ и БЕСА имаше предност од 3,6 % пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 Јули, годинава ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност.

На прашањето „Доколку партии, а не коалиции се претстават на избори, за која партија би гласале?“, 14 проценти одговориле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците покажуваат разлика од четири проценти кај најголемите македонски партии, само 10 отсто од анкетираните ќе гласаат за СДСМ на избори.

Пет проценти или помалку имаат ДУИ, Левица, АА.

Инаку граѓаните како најголеми проблеми во државата во анкетата одговориле дека се економијата, невработеноста, здравството и ковид кризата.

Во истата дури 20% од испитаниците како најголем проблем во земјава ја потенцирале економијата, потоа 17% од испитаниците како втор најголем проблем во земјава ја потенцирале невработеноста и пронаоѓањето на работа. Во истражувањето исто така граѓаните сметаат дека државата не се справува соодветно со ковид кризата, ова го мислат дури 10% од испитаниците.

Исто така граѓаните сметаат дека државата најмалку посветила внимание на економската ситуација во земјава и истата ја оцениле со високи негативни 30%, со исто така високи 22% граѓаните одговориле дека државата не посветува внимание на невработеноста, додека пак за ковид кризата дури 12% сметаат дека државата не и посветува доволно внимание.

Во врска со здравството дури 17% од граѓаните сметаат дека државата не посветила доволно внимание во овој дел, а дури 11% здравствениот систем го сметаат како еден од поголемите проблеми во земјава.

Народот е разочаран и поради неисполнувањето на ветувањето за влез во Европската унија од страна на власта предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Па така ова разочарување кај народот се повеќе се одразува и на анкетите, а во последната е оценето со најниски 2%.

Инаку додека СДСМ водеше со три проценти на истата анкета лани во пресрет на предвремените парламентарни избори, годинава губи дури 4 проценти во предност на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова доаѓа како резултат на неспособноста на СДСМ да се справи со пред се пандемијата, економијата, тука придонесува и легализирањето на марихуаната, како и НЕработењето на власта во секој сегмент во општеството од локално па се до национално ниво.

Инаку, НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.

Анкетата е спроведена телефонски и преку интернет анкети. Ова истражување е финансирано од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).