Синот на Мицкоски не бил на трошок на државата

Антикорупционерите едногласно донесоа одлука за постапката која е отворена по нивна иницијатива веднаш да запре. По барање на Антикорупциската комисија, од Владата во законскиот рок од 15 дена им била доставена целосната документација, авиобилетите и хотелското сместувањето на 21 член на владината делегација, како и авионските карти и сместувањето на синот на премиерот. На списокот не било наведено името на Јован, синот на Мицкоски.

Антикорупциска ги потврди лагите на СДСМ

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија, без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син, напиша на социјалните мрежи, премиерот Мицкоски.

„Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, така и ќе продолжам. А ти синко, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Објавата на премиерот наиде на силна поддршка од граѓаните.

Кратко трае памтењето на СДСМ

СДСМ обвинува, а нивното паметење трае многу кратко. Пред само две години додека премиер на државава беше Димитар Ковачевски тој како своја придружба ја зема својата ќерка за прославата на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Тогаш Ковачевски тврдеше дека не е невообичаено државник да поведе по свој избор кој било член од семејството. Сега истата таа СДСМ обвинува иако, вистината е дека Јован на своја сметка патувал во САД, на страна од официјалната држава делегација.

Втора лага на СДСМ за истото патување

Ова е втора лага на СДСМ за ваквото патување. Претходно партијата се изрезили обвинувајќи дека Муцунски била на патувањето во Вашингтон, но тој сепак бил сам каква што била поканата.

СДСМ наместо да дадат одговори, произведуваат лажни вести – ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата за патувањето на сопругата на министерот Муцунски во Вашингтон

ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше тврдењата дека сопругата на министерот Тимчо Муцунски отпатувала во Вашингтон, означувајќи ги наводите како целосна лага. Партијата го критикуваше СДС, обвинувајќи ги дека шират лажни вести за да го одвлечат вниманието од поактуелните прашања.