Иако се сметаше дека Мајкл Карик може да биде следниот голем менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, раководството на клубот се соочува со сериозно преиспитување на таа одлука. Легендата на клубот минатата сезона покажа знаци на квалитет и капацитет да води така сериозен тим, но тековната сезона носи значително поголеми предизвици за неговиот стручен штаб.
Јунајтед повторно се мачи на резултатски план иако сезоната е штотуку почната. Ремито со Тотенхем одиграно во саботата дополнително ги зголеми и онака многуте проблеми и тензии на „Олд Трафорд“.
Благодарение на ваквиот неповолен развој на настаните, спортските медиуми во Англија и во Италија на големо пишуваат дека Карик на „Олд Трафорд“ е завршена приказна. Притоа се нагласува дека постојат големи шанси негов наследник на клупата да биде искусниот италијански стратег Антонио Конте.
Менаџментот на Јунајтед му укажа огромна доверба на Карик и му овозможи сериозни финансиски средства за засилувања, но кредитната поддршка рапидно и брзо се топи. Притисокот врз управата сега е значително поголем, особено по медиумските написи кои откриваат дека преговорите со Конте не само што се веќе започнати, туку се одвиваат доста продуктивно и наскоро се очекува конкретен исход.
