Русокосата убавица се појави во своето најпровокативно издание досега, привлекувајќи го вниманието на јавноста. Таа ја пречекува празничната сезона во мошне впечатливо издание, кое претставува дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата промотивна кампања на сопствениот бренд „Syrn“. Фотографиите, целосно инспирирани од зимската магија, беа официјално објавени како дел од серија фотографии на социјалната мрежа Инстаграм преку профилот на брендот.

Свини позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач збогатен со крзнени детали. За оваа прилика таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и декоративни исечоци. Ова не претставува нејзина прва празнична колекција, но актерката покажува дека не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.