Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција денеска обвини дека Димитар Апасиев, лидерот на Левица, од парите што партијата ги добива од Буџетот на државата преку донации од граѓаните, ставил над 700 илјади денари во својот џеб за приватни потреби.
– Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно, од една страна не земаат патни трошоци како пратеници и глумат скромни пред камера, меѓутоа позади камерата ја молзат и цицаат партијата, правејќи стотици трансакции и земајќи стотици илјади денари за свои лични потреби – рече Манасиевски.
Тој детално ги образложи трансакциите:
На 17.03.2023 година, Апасиев земал 52.000 денари нето од партиската каса за приватни цели, можеби за реновирање на кујната.
На 14.04.2022 година земал 25.480 денари.
На 12.07.2022 година земал 27.300 денари.
На 19.08.2022 година земал 24.050 денари.
– И така натаму, за да достигне до сума над 700 илјади денари земени од сопствената партија – додаде Манасиевски.
Тој нагласи дека е крајно лицемерно Апасиев да глуми жртва и скромност пред јавноста, додека во позадина краде од Буџетот на неговата партија.
– Пари кои граѓаните ги донираат на таа партија, Апасиев си ги користи за свои приватни цели. Замислете ваков човек да добие можност да води општина, град или пак Влада. Буџетот ќе се потроши за рекордно брзо време, предупреди Манасиевски.