Ослободителната пресуда ја донесе велешкиот Основен суд, со која потоа се согласи и Вишото јавно обвинителство
Апелацискиот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлинка (Пале) Илкоска, која ја донесе Основниот суд во Велес.

Илкоска, која била жртва на семејно насилство од партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница, се гонеше за убиство во миг кое се случило кога таа во самоодбрана му нанела рана со нож на партнерот во септември 2021 година.

Велешкиот суд донесе ослободителна пресуда, по што Основното јавно обвинителство Велес се жалеше до Апелација барајќи пресудата да се укине и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба.

Меѓутоа, со ваквата жалба на основното обвинителство, не се согласи Вишото, кое до Апелација испрати мислење дека исправна е одлуката за ослободителна пресуда за Илкоска.