Апелацискиот суд во Штип соопшти дека ја отфрла мерката куќен притвор за поранешните градоначалници на Кочани Ратко Димитровски и Николчо Илијев.
Основниот јавен обвинител од Кочани испрати жалба против решението на Основниот суд Кочани со кое на осомничените Димитровски и Илијев мерката притвор им е заменета со куќен притвор и им е определена мерка на претпазливост, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.
Предметите се примени во Апелацискиот суд во Штип на 26.03.2025 година во 14.30 часот и по заведувањето и автоматската распределба се доставени во Вишото јавно обвинителство Штип. Предметите се вратени во судот на 27.03.2025 година во 12 часот.
Предлозите на Вишото јавно обвинителство по однос на поднесените жалби се уредно доставени до странките.
По однос на поднесените жалби Kривичниот совет при Апелационен суд Штип закажал и одржал нејавни седници на 28.03.2025 година.
„Жалбите изјавени од осомничениот Р.Д. од К. преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.1 со кое мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор, се отфрлаат како недозволени“, соопшти Апелација.
Се уважуваат жалбите од Димитровски и од Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Основен суд Кочани за определената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на осомничениот Р.Д.
Се укинува решението на Основниот суд Кочани за мерката за претпазливост и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување.
Извор – плусинфо