Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска ќе отпатува во Пакистан на разговори за завршување на војната, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Целта на посетата се билатерални консултации за тековните случувања во регионот и најновата состојба со конфликтот, за кој Техеран тврди дека му е наметнат од САД и Израел.

Арагчи во Пакистан патува со мала делегација, а во рамки на дипломатската турнеја ќе ги посети и Оман и Русија.

Според информациите, Исламабад се обидува да ги обнови разговорите меѓу Иран и САД со цел да се стави крај на војната, во која загинаа илјадници луѓе од Блискиот Исток и која има сериозни последици врз светската економија.