Иако „мешаните“ погреби не се невообичаени во Кина, таков прегрнат пар кој смело на сите им ја покажал својата љубов е првиот таков погреб познат во Кина и ја одразувал промената на односот кон љубовта што се случувала во тоа време во кинеското општество, велат експертите.
„Ова е првата двојка што се најде во љубовна прегратка насекаде и во секое време во Кина“, изјавил за Live Science, Киан Ванг, шеф на студии и професор на одделот за биомедицински науки на колеџот А & М во Тексас.
Археолозите го нашле парот во јуни 2020 година за време на истражувањето на гробиштата откриени од градежните работници во провинцијата Шанси.
Гробиштата вклучуваат околу 600 гробни места каде што се погребани Ксианбеи, древна номадска група која живеела во северна Кина и била асимилирана во културата Хан. Врз основа на обликот на гробниците и керамиката пронајдена во нив, гробиштата датираат од периодот на династијата Северна Веи (386-534).
Поради уникатната положба на љубовниците, археолозите не ги ископале целосно остатоците туку ги оставија прегрнати со цел еден ден да ги изложат на јавноста. Археолозите пронашле уште два двојка закопани заедно, но тие не биле прегрнати и жените немале венчални прстени, рекол Ванг.

Меѓутоа, испитувањето на посмртните останки на вљубената двојка на археолозите им обезбедила многу информации. Човекот бил висок 161,5 сантиметри и имал скршеница на раката, недостасувал дел од прстот на десната рака, а десната нога била повредена. Имал меѓу 29. и 35. години кога починал.
Жената, пак, била во добра здравствена состојба кога починала. Била висока 157,1 сантиметри и имала неколку расипани заби. Кога починала, таа имала помеѓу 35. и 40. години.
Можно е да носела венчален прстен од десната рака под влијание на „обичаите на западните региони и области надвор од Патот на свилата, како и поради асимилизацијата на Ксинабеите што ја одразувало интеграцијата на кинеската и западната култура“, рекол Ванг.